Präsentation herunterladen
Die Präsentation wird geladen. Bitte warten
Veröffentlicht von:Henriette Schuler Geändert vor über 6 Jahren
1
Категоријата определеност изразена со детерминатори во македонскиот и во германскиот јазик
Проф. д-р Емилија Бојковска Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје Предавање во Грац, 21 март 2012
2
Дефиниција МК Детерминаторите се зборови парадигматски по род во еднина кои ја придружуваат именката и кои не можат да се сврзат со членските морфеми ов..., -он..., -от... (тој, никој итн.). Во детерминаторите се вбројуваат и споменатите постпозициски членски морфеми (потокот, реката), кои се дефинираат екстензионално.
3
Синтаксичка функција МК
Детерминаторите ја придружуваат именката. И придавките се придружни елементи на именката, но за разлика од детерминаторите, тие по правило можат да се сврзат со членските морфеми (големата, но *некојата).
4
Позиција МК Лексичките детерминатори (освен низаеден) се јавуваат во почетокот на именската синтагма (некоја куќа), а постпозитивните членски морфеми обично се сврзуваат со првиот збор во именската синтагма (големата куќа). Исклучоци: на пр., препозиц. именски атриб. (спомен-плочата); експресивна употреба (лажго еден/ниеден).
5
Дефиниција ГЕРМ Детерминаторите се зборови парадигматски по род во едн. кои ја придружуваат именката и кои не можат да јават со саксонскиот генитив (Annas Haus наспроти: *das/ein/dieses Annas Haus) (Енгел 1996: 18).
6
Синтаксичка функција ГЕРМ
Детерминаторите ја придружуваат именката. Истата функција ја имаат и придавките, но за разлика од детерминаторите, придавките ја допуштаат оваа комбинација (Annas neues Haus).
7
Позиција ГЕРМ Детерминаторите се јавуваат како прв елемент во именската синтагма (der kleine Fluss). Исклучоци: народна поезија и молитви (Kindlein mein, Vater unser).
8
Значење МК/ГЕРМ Детерминаторите имаат референцијално значење: тие воспоставуваат релација меѓу јазичниот знак и надворешнојазичната стварност.
9
Множество (подгрупи) МК/ГЕРМ 1
Во македонскиот јазик Во германскиот јазик член определени членски морф.: ов..., -он..., -от... неопределен член: еден... - определен член: der... - неопределен член ein... - (нулов член: Ø);
10
Множество (подгрупи) МК/ГЕРМ 2
Во македонскиот јазик Во германскиот јазик - присвојни детерминатори: mein.., dein… итн., dessen, deren;
11
Множество (подгрупи) МК/ГЕРМ 3
Во македонскиот јазик Во германскиот јазик показни детерминатори: овој..., оној..., тој...; показни детерминатори: der…, dieser…, jener…, derjenige…, derselbe…, solcher…;
12
Множество (подгрупи) МК/ГЕРМ 4
Во македонскиот јазик Во германскиот јазик неопределени детерминатори: некој..., кој... било, кој...-годе, кој... (и) да е; нешто, нечиј..., чиј... било, чиј...-годе, чиј... (и да е);општи детерминатори: секој..., сечиј..., (сиот.., сите); неопределени детерминатори: aller..., ein wenig, einiger..., etlicher..., irgendein…, irgendwelcher…, jeder…, lauter, mancher…, mehrere;
13
Множество (подгрупи) МК/ГЕРМ 5
Во македонскиот јазик Во германскиот јазик прашални де-терминатори: што, кој..., чиј...; прашални де-терминатори: was für ein, welcher..., welch ein, wessen, wie vieler…;
14
Множество (подгрупи) МК/ГЕРМ 6
Во македонскиот јазик Во германскиот јазик одречни де-терминатори: ниеден..., никој..., ничиј...,ништо; одречен де-терминатор: kein…;
15
Конгруенција/рекција МК
Детерминаторите се согласуваат со именката по број (оваа книга, овие книги). Еднинското формално совпаѓање меѓу детерминаторот и именката по род (оваа книга, овој проблем): конгруенција (согласување) или рекција (управување)?
16
Конгруенција: дефиниција
„Eine Konstituente f1 kongruiert mit einer Konstituente f2, wenn f1 bezüglich mindestens einer Einheitenkategorie von f2 abhängt. (Eisenberg 1994: 55) Терминот Einheitenkategorie (парадигматска категорија) ги опфаќа различните форми на единиците (Einheiten) што образуваат флексиска парадигма.
17
Рекција: дефиниција „Die Konstituente f1 regiert eine Konstituente f2, wenn die Form von f2 durch eine Paradigmenkategorie von f1 festgelegt ist” (Eisenberg 1994: 52). Терминот „Paradigmenkategorie“ (селективна/неменлива категорија) означува дека според таа категоријата се врши класификација на парадигмите на дадена зборовна група.
18
Конгруенција/рекција MK
Според Ајзенберг, имеката го регира (управува) детерминаторот по род, а се согласува со него по број. Детерминаторот и придавката се согласуваат по род и по број.
19
Флексија МК Постои флексиска разлика меѓу членските морфеми и лексичките детерминатори (овој човек/судија; човекот, судијата). Постои флексиска разлика меѓу членските морфеми во зависност од тоа дали се јавуваат при именка или придавка (реката, големата река; судијата, праведниот судија, крилјата, широките крилја).
20
Флексија МК Формата на членските морфеми зависи од родот и од завршокот на именката, т. е. именката го регира детерминаторот според својот род (полетот : пролетта) и својот завршок (кадијата : човекот).
21
Флексија МК Членските морфеми врзани за придавката, се согласуваат со неа по број, а во еднина и по род: новата книга, новото возило, новиот автомобил, новите книги/автомобили/возила.
22
Флексија МК Кај неменливите придавки, формата на членската морфема зависи од нејзиниот завршок (лебот, свежиот леб, но: тазето леб). Овде постои управување на членската морфема од страна на придавката според завршокот.
23
Флексија МК Формата на лексичките детерминатори се определува според бројот на именката, а во еднина и според родот (овој голем стол, оваа скапа маса, ова планинско село, овие рамничарски села). За формата на лексичките детерминатори не игра улога завршокот на именката и на придавката.
24
Дијаграм за зависност МК
Им Им Им села села села Дет Дет Прид Прид -та овие големи големи- Дет те
25
Значење МК Членските морфеми изразуваат просторни релации во однос на говорителот (-от: и општа определ.): Земи ја книгава. Дај ми ја книгана/книгата. Разлика спрема показните лексички детерм.: чл. мофеми не изразуваат идентификација/опозиција преку просторно ситуирање (книгава : оваа книга)
26
Конгруенција/рекција ГЕРМ
Рекција на детерминаторот од страна на именката во однос на родот во еднина и конгруенција меѓу детерминаторот и именката во однос на бројот и падежот.
27
Флексија ГЕРМ Во рамките на именската синтагма, детерминаторските форми ги обележуваат родот, бројот и падежот на именката, но постојат и хомонимни детерминаторски форми (хомоформни детерминатори): den, das…
28
Флексија ГЕРМ Именската деклинација обично го изразува бројот (Buch, Bücher), додека падежната флексија во голема мера е изгубена (Buch ги означува сите еднински падежи, освен генитивот).
29
Флексија ГЕРМ Значаен морфосинтаксички белег на односот меѓу детерминаторот и придавката е што тој влијае врз придавската деклинација (ein langweiliges Buch, das langweilige Buch).
30
Флексија ГЕРМ Придавките обично имаат три флексиски парадигми (зад определен член, зад неопределен член и при нулов член), а детерминаторите, по правило, само две (dieses mein Land : *ein mein Land : mein Land; (Енгел 1996: 524)
31
Флексија ГЕРМ Ако се постулира нуловиот член, детерминаторот може да се определи како облигаторен придружен елемент на именката (gutem Wein).
32
Дијаграм за зависност ГЕРМ
Имн Имн Wein Wein Детн Детн ein der Придн Придн guter gute
33
Дијаграм за зависност ГЕРМ
Имд Имн Wein Apfel Дет Детн Ø ein Придд Детн gutem solcher
34
Заклучок: совпаѓања 1 Детерминаторите ја преобразуваат лексичко-граматичката категорија именка со денотативно значење во синтаксичката категорија именска синтагма со референцијално значење.
35
Заклучок: совпаѓања 2 Флексија Детерминаторите се согласуваат со именката по број, а во еднина именката го управува детерминаторот по род (Ајзенберг 1994: 52 и натаму).
36
Заклучок: совпаѓања 3 Маркирање на граматички категории Формата на детерминаторите во ГЕРМ и на лексичките детерминатори во МК обично ги изразуваат граматичките категории на имен(с)ката (синтагма). Оваа функција ја вршат само некои членски морфеми (на пр.,-ов..., -он..., -от... за м. р.)
37
Заклучок: совпаѓања 4 den Tisch; den Tischen
Во двата јазика постојат полифункционални детерминаторски форми: den Tisch; den Tischen книгата; колегата; децата; лисјата
38
Заклучок: совпаѓања 5 Појава на детерминаторите без именка (елиптични именски синт.). Тие го задржуваат категоријалниот статус ако не им се промени формата. Во спротивно, преминуваат во заменки (dieses Haus, dieses, но: den Kindern, denen); на тој човек, на тој (а не на овој човек), но: нему
39
Заклучок: совпаѓања 6 Ограничени можности за меѓусебно комбинирање:
сите овие книги; разговорно: тој еден човек, тој човекот alle meine Freunde; diese meine Bücher; (?)jene seine Blumen; all die Bücher; alle diese Fragen; manch ein Beamter (Енгел 1996: 553 и натаму)
40
Заклучок: разлики 1 Категоријален статус: МК: членски морфеми и лексички детерминатори ГЕРМ: лексички детерминатори
41
Заклучок: разлики 2 Значење
МК: членските морфеми изразуваат и просторни релации. Множество (подгрупи) МК: нема присвојни детерминатори.
42
Заклучок: разлики 3 Граматички категории
Детерминаторите во ГЕРМ се согласуваат со именката по падеж, и обично морфолошки го маркираат падежот. Во МК јазик, кој има изразито аналитички карактер, кај детерминаторите нема остатоци од падежни форми, како на пример, кај личните заменки.
43
Заклучок: разлики 4 Маркирање на родот
Лексичките детерминатори во МК го изразуваат родот на именката, а формата на членските морфеми само делумно зависи од таа категорија, а се управува и според именскиот завршок (жената, судијата). Во ГЕРМ формата на детерминаторот начелно зависи од родот на именката (и покрај маркирањето со полифункционални детерминаторски форми).
44
Заклучок: разлики 5 Флексија на придавката
Придавската флексија во МК не зависи од детерминаторот, во ГЕРМ детерминаторот ѝ наложува на придавката одреден вид флексија.
45
Заклучок: разлики 6 Нулов член
Поради оваа зависност, во ГЕРМ може да се постулира нулов член, кој „предизвикува“ одредени флексеми кај придавката, додека неговото постулирање во МК би било излишно.
46
Заклучок: разлики 7 Дијаграм за зависност Им Им Им села- села села
Им Им Им села села села Дет Дет Прид Прид -та овие големи големи- Дет те
47
Заклучок: разлики 8 Дијаграм на зависност Имд Имн Wein Apfel Дет Детн
Имд Имн Wein Apfel Дет Детн Ø ein Придд Придн gutem großer
48
Перспектива Корпусот „Гралис-мак“ нуди емпириска основа за еднојазични и за контрастивни проучувања на македонскиот јазик во однос на другите словенски јазици и на германскиот јазик.
Ähnliche Präsentationen
© 2025 SlidePlayer.org Inc.
All rights reserved.