Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Емилија Бојковска Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Предавање на Институтот за славистика Универзитет „Карл Франц“ − Грац 5 јуни 2013
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Содржина: 1. Глаголски категории: вид, аспект и време 2. Глаголски времиња што изразуваат минати дејства 3. Заклучок
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 1. Глаголски категории: вид, аспект и време Во грам. на мак. јаз., термините глаголски вид и глаголски аспект се употребуваат како синоними. Во ова предавање тие поимно се разграничуваат. Глаголскиот вид (Aktionsart) е лексичко-семантичка (објективна) категорија што ги изразува текот и степените на дејството (Левандовски 1990: 37).
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Глаголскиот вид не зависи од гледиштето на говорителот. Тој е застапен во словенските јазици и во германскиот јазик. Според Хелбиг/Буша (1974: 69 и натаму) се работи за: - временскиот тек (фазите): почеток, траење, премин, крај - содржинскиот тек: иницирање, интензитет, повторување, смалување на дејството.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Тука спаѓаат (Хелбиг/Буша 1974: 69 и натаму): 1. дуративни (имперфективни) глаголи, кои го изразуваат самото одвивање на дејството без да укажуваат на почеток или крај (работи, радити, arbeiten; цвета, цветати, blühen; спие, спавати, schlafen); 5
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Во дуративните се вбројуваат и: - итеративните глаголи, кои отсликуваат дејство што по својата природа се повторува: чука, куцати, klopfen; гали, миловати, streicheln; - интензивните глаголи, кои изразуваат засилување на интензитетот на дејството: рика, рикати, brüllen; лока, локати, saufen; 6
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик - деминутивни глаголи, чие значење упатува на намалување на интензитетот на дејството: се смешка, смешкати се, lächeln. 2. Недуративни (перфективни) глаголи, кои временски го ограничуваат дејството или изразуваат премин кон друго дејство. Тука спаѓаат:
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик - ингресивните глаголи, кои укажуваат на почетокот на дејството: процвета / расцвета, процветати, aufblühen; заспие, заспати, einschlafen; - егресивните (резултативни), кои посочуваат на крајната фаза, завршетокот или резултатот од дејството: прецвета, прецветати, verblühen; прочита, прочитати, durchlesen; 8
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик - мутативни глаголи, со кои се изразува преминот кон друга состојба: созрее, узрети, reifen; (се) настина, прехладити се, sich erkälten; - каузативни (фактитивни) глаголи, кои го изразуваат предизвикувањето на нова состојба: отвори, отворити, öffnen; спушти, спустити, senken.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Аспектот е бинарна граматичка (субјективна) категорија што го изразува начинот на кој говорителот го прикажува дејството (Левандовски 1999: 95). Со несвршениот (имперфективен) аспект, дејството се прикажува во одвивање, а со свршениот (перфективен) – како моментно или краткотрајно заокружено, завршено дејство.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик За да се постигне терминолошко разграничување меѓу членовите на двете категории, термините дуративен и недуративен се однесуваат на глаголскиот вид, а термините свршен (перфективен) и несвршен (имперфективен) – на аспектот.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Постојат двојки од несвршен и свршен аспект. Меѓутоа, како да се воспостави опозиција меѓу несвршениот и свршениот аспект без да се изрази или минимално да се изрази видска, т. е. значенска разлика? Од несвршен глагол се образува свршен, на пример, со префиксирање или суфиксирање. Меѓутоа, зборообразувачките префикси имаат и лексичко значење, па предизвикуваат премин во друг глаголски вид.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик За илустрација на аспектот, обично се наведуваат примери од типот: Несвршен (имперф.) асп. Свршен (перф.) асп. носи донесе седи седне (сп. Минова-Ѓуркова 2000: 65 и натаму) Проблемот се состои во тоа што при изведување на свршен од несвршен глагол, новообразуваниот глагол не е само свршен, туку едновремено е и резултативен (донесе), мутативен (седне).
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Значи, овде се вкрстуваат двете категории (видот и аспектот). За да се изрази (претежно)аспектна разлика, се бара префикс со избледено лексичко значење. Се чини најприфатлив префиксот по-, кој изразува краткотрајно вршење на дејството. Несвршен (имперф.) асп. Свршен (перф.) асп. носи поноси седи поседи лета полета
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик При изведувањето несвршен од свршен глагол со наставката -ува, во преден план е аспектната разлика. Несвршен (имперф.) асп. Свршен (перф.) асп. донесе донесува поседи поседува полета полетува
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Вид Аспект носи: дуративен свршен донесе: недуративен (резулт.) свршен донесува: недуративен (резулт.) несвршен
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Несвршениот аспект може да изразува и повторливост (итеративност). Овде не се мисли на „иманентната“ повторливост кај глаголскиот вид (тропа, гали итн.), туку на повеќекратно вршење на дејството: Кога / *Додека се вратив, ... (свршен аспект) Кога / Додека се враќав, ... (несвршен аспект)
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Секогаш кога се враќав, ... (несвршен аспект со значење на повторливост) Може да се говори и за варијанта за вообичаено вршење на дејството (хабитуатив). Според тоа, образувањето дуративни, одн. недуративни глаголи спаѓа во зборо-образувањето, а образувањето свршени, одн. несвршени – во флексијата.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Меѓутоа, категориите вид и аспект се испреплетуваат. За другите начини на изведување глаголи в. Конески (1982: 382 и натаму).
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Во македонскиот јазик постојат глаголи што не разликуваат аспект: а) гости, кани, руча, вечера итн., како и б) глаголите на –(из)ира: реализира, супстантивизира, формира итн. По аналогија, и кај овие глаголи почнуваат да се образуваат свршени и несвршени форми.
Несвршен (имперф.) асп. Свршен (перф.) асп. Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Несвршен (имперф.) асп. Свршен (перф.) асп. експлодира експлодирува реализира изреализира (со резултат. значење)
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Во германскиот јазик не е граматикализирана разликата меѓу свршен несвршен аспект, но постојат примери како следниве: Несвршен асп. Свршен асп. Er schrieb gerade einen Brief. Er ist den Brief am Schreiben.(западногерм. говор) (Хок/Крифка 2002-www) Er verschwand in Er verschwand in die Ferne. der Ferne
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Со глаголското време се ситуира дејството во минатото, сегашноста или иднината во однос на времето на говорење (апсолутно глаголско време): Тој сега се мие. (сегашност) Сега работам во една фирма. (сегашност) Најдовме интересна книга. (минато) Ќе се заложиме за промени. (идност)
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Како референтна точка може да служи друго дејство (релативно глаголско време): Кога пристигнав, тој веќе ја имаше завршено работата. Als ich ankam, hatte er die Arbeit bereits abgeschlossen. Во однос на времето на пристигнувањето, завршувањето на работата е предминато дејство.
Во македонскиот јазик се разгледува аспектот Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Во македонскиот јазик се разгледува аспектот - кај глаголот (лексички) и - кај глаголското време (флексиски). Значи, постојат: - несвршени и свршени глаголи - несвршени и свршени глаголски времиња. При тоа, се исплетуваат категориите глаголски вид и глаголски аспект и глаголско време
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Минатите определени и неопределени времиња Изразот определеност се однесува во прв ред на временската ситуираност. Определените времиња побудуваат претстава за одреден момент / период во минатото, а кај неопределните отсуствува таквата претстава (Конески 1982: 464 и следн.). Вчера го забележав овој непознат збор. Досега не сум го забележал овој збор.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Со категоријата определеност / неопределеност се изразува и категоријата засведоченост / незасведоченост. Засведоченоста покажува дека говорителот бил сведок на дејството, а незасведоченоста дека дознал за дејството од посреден извор. Вера го положи вчера последниот испит. Вера го положила вчера последниот испит.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Незасведоченост во германскиот јазик во индиректен говор со а) глагол на зборување (sagen), б) подредувачки сврзник (dass) и в) конјунктив. Er sagte: „Ich habe ein neues Buch gelesen.“ Er sagte, dass er ein neues Buch gelesen hat. Er sagte, dass er ein neues Buch gelesen habe / hätte. Er sagte, er habe / hätte ein neues Buch gelesen.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик За разлика од германскиот јазик, во македонскиот разликата меѓу засведоченост и незасведоченост се провлекува низ целиот глаголски систем, макар што има недоследности во изразувањето (в. д.).
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Во продлжение се разгледуваат глаголските времиња во однос на - формата врз примерите носи и донесе на Минова-Ѓуркова (2000: 65 и натаму) и - значењата според Конески (1982: 409 и натаму). Можниот начин (би гледал) и заповедниот начин (гледај) не се разгледуваат.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2. Глаголски времиња што изразуваат минати дејства 2.1. Минато определено свршено време 2.2. Минато определено несвршено време 2.3. Минато-идно време 2.4. Минато неопределено свршено време 2.5. Минато неопределено несвршено време
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.6. Идно прекажано време 2.7. Предминато време 2.8. Форми со има/нема 2.9. Перфект 2.10. Сегашно време 2.11. Идно време
2.1. Минато определено свршено време (аорист) Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.1. Минато определено свршено време (аорист) Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице носив носивме донесов донесовме 2. лице носивте донесовте 3. лице носија донесоа Негација не носив не носивме не донесов не донесовме Свршеното време од несвршен глагол е необично и се среќава првенствено во книжевноста.
Со минато определено свршено време, дејството се претставува Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Со минато определено свршено време, дејството се претставува - како завршено - во одреден минат период / момент - како сведоштво на говорителот. Беше во паника. Не знаеше што прво да направи. Тие не се изјаснија по ова прашање. Тој ми одговори љубезно.
2.2. Минато определено несвршено време (имперфект) Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.2. Минато определено несвршено време (имперфект) Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице носев носевме донесев донесевме 2. лице носеше носевте донесеше донесевте 3. лице носеа донесеа Негација не носев не носевме не донесев не донесевме Несвршеното време од свршен глагол (означено со сина боја) е блокирано и се употребува само со партикулата ќе, парт.-сврз. да, сврз. ако, кога, штом, дури да / не итн.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Со минато определено несвршено време, дејството се претставува - во одвивање - во одреден минат период / момент - како сведоштво на говорителот. Несвршеното време изразува и повторливост. Кога / додека одговараше, се збуни. Секогаш кога одговараше, се збунуваше. Ако донесев повеќе храна, сите ќе вечеравме.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.3. Минато –идно време Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице ќе носев ќе носевме ќе донесев ќе донесевме 2. лице ќе носеше ќе носевте ќе донесеше ќе донесевте 3. лице ќе носеа ќе донесеа Негација не ќе носев немаше да носам не ќе носевме немаше да носиме не ќе донесев немаше да донесам не ќе досевме немаше да донесеме Кај негацијата со не е позразита претпоставката отколку кај негацијата немаше да.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Збороред со негација и кратки личнозам. форми Не ќе беше лошо да дојдеш. Да можев, ќе му ги позајмев сите пари. И да можев, немаше да му позајмам пари. Значења за изразување минато дејство : - последователност - претпоставка - намера - обусловено неизвршено дејство - повторливост
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Книжевните примери за минатото-идно време потекнуваат од Станкова (2010: 28 и натаму) - последователност (дејство што следува по друго дејство): Мачката ми го гризеше увото и кога се разбудив ќе ми ископаше око (РБ МР 84, 13).
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик - претпоставка „Или ќе паднев, или ќе го молев да се смилува!“ (ТГ ЦС 50, 26). Во таква борба тој ќе беше меѓу првите (ЛС ВК 37, 26). - намера Си ги пакуваа куферите, ќе одеа на море (= имаа намера да одат на море).
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик - обусловено неизвршено дејство (на пр. во иреални условни реченици) Да знаеше за враќањето на Чанга [...], сигурно ќе оставеше секаква друга работа (ЛС ВК 112, 1). - повторливост Кога некој од нас ќе се разбудеше среде ноќта [...] - ЛС ВК 29, 18. Wenn einer von uns nachts aus einem quälenden Traum erwachte [...] - LS ZZ 33, 22.
Неопределени минати времиња Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Неопределени минати времиња Тие се градат со глаголската л-форма, која е нелична глаголска форма. Во еднина се менува по род.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Глаголска л-форма Несвршена л-форма Свршена л-форма Несвршен гл. носи Сврш. гл. донесе носел, носела, носело донесел, донесла, донесло носил, носила, носило донесол (донел), донесла (донела), донесло (донело) носеле донеселе носиле донеселе (донеле) Несвршената глаголска л-форма од свршен глагол (означена со сина боја) е блокирана и се употребува само со партикулата ќе, парт.-сврз. да, сврз. ако, кога, итн.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Минатите неопределени времиња се градат со помошниот глагол сум во сегашно време + глаголската л-форма; во трето лице не се јавува помошниот глагол.
2.4. Минато неопределено свршено време Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.4. Минато неопределено свршено време Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице сум носил сме носиле сум донесол (сум донел) сме донесле (сме донеле) 2. лице си носил сте носиле си донесл (си донел) сте донесле (сте донеле) 3. лице носил носиле донесол (донел) донесле (донеле) Негација не сум носил не сме носиле не сум донесол не сме донесле (донеле) Минатото свршено време од несвршен глагол има ограничена употреба.
2.5. Минато неопределено несвршено време Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.5. Минато неопределено несвршено време Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице сум носел сме носеле сум донесел сме донеселе 2. лице си носел сте носеле си донесел сте донеселе 3. лице носел носеле донесел донеселе Негација не сум носел не сме носеле не сум донесел не сме донеселе Несвршеното време од свршен глагол (означено со сина боја) е блокирано и се употребува само со партикулата ќе, парт.-сврз. да, сврз. ако, кога, итн.
Минатите неопределени времиња изразуваат Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Минатите неопределени времиња изразуваат - дејство без побудување претстава за временската ситуираност - незасведочено дејство. При тоа, превладува едното или другото значење.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Збороред со негација и кратка личнозам. форма Никогаш не сум сакала да ти наштетам. Сè уште не сум била таму. (временска неопределеност) Мојот сосед конечно ја искосил тревата. Тој се скарал со сите колеги. (пред сè незасведоченост; констатација врз основа на набљудување на последицата или на информација од трето лице)
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Неопределено минато време за 1. лице - временска неопределеност Одамна не сме биле на одмор. - отсуство на свест или помнење при вршењето на дејството Кога сум бил мал, многу сум сакал да играм во вода. Кога бил во бесознание, мУ помогнале минувачите.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик - емоционална маркираност (мака при вршење на дејството, префрлување, укор итн.) Цел ден сум ја чистел куќата. (Сп. неутрално: Цел ден ја чистев куќата.)
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.6. Идно прекажано време Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице ќе сум носел ќе сме носеле ќе сум донесел ќе сме донеселе 2. лице ќе си носел ќе сте носеле ќе си донесел ќе донесевте 3. лице ќе носел ќе носеле ќе донесел ќе донесеа Негација не ќе сум носел немало да носам не ќе сме носеле немало да носиме не ќе сум донесел немало да донесам не ќе сме донеселе немало да донесеме
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Идното прекажано време служи за прекажување на дејства изразени со идно или со минато-идно време. Тој рече: „Ке преземам мерки ...“ Тој рече: „Ќе преземев мерки ако ...„ Тој рече дека ќе преземел мерки .... За првиот пример можно е и: Тој рече дека ќе преземе мерки ...
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Предминатото време се гради како идното прекажано, со тоа што помошиот глагол сум се јавува во минато време.
2.7. Предминато свршено време Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.7. Предминато свршено време Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице бев носил бевме носиле бев донесол (бев донел) бевме донесле (сме донеле) 2. лице беше носил бевте носиле беше донесол (беше донел) бевте донесле (бевте донеле) 3. лице беше донесол (беше донел) беа донесле (беа донеле) Негација не сум носил не сме носиле не сум донесол (не сум донел) не сме донесле (не сме донеле) Предминатото свршено време од несвршен глагол има ограничена употреба.
2.7. Предминато несвршено време Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.7. Предминато несвршено време Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице бев носел бевме носеле бев донесел бевме донеселе 2. лице беше носел бевте носеле беше донесел бевте донеселе 3. лице беа носеле беа донеселе Негација не сум носел не сме носеле не бев донесел не бевме донеселе Предминатото несвршеното време од свршен глагол (означено со сина боја) е блокирано и се употребува само со партикулата ќе, парт.-сврз. да, сврз. ако, кога, итн.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Ова глаголско време изразува дејство што се случило пред друго дејство во минатото. Предминатото време воопшто ретко се употребува. Во најширока употреба е предминатото свршено време од свршени глаголи, а поретко се користи несвршеното предминато од несвршени глаголи. (Минова-Ѓуркова 2000: 69)
Збороред со негација и кратки личнозам. форми Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Збороред со негација и кратки личнозам. форми Која пристигнав, таа веќе го беше спакувала куферот. Да ги бев донесел парите, ќе можевме да пазаруваме. (Пообично: Да ги донесев парите, ...)
Глаголски времиња со има / нема Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Глаголски времиња со има / нема Овие глаголски времиња се образуваат со одредено глаголско време од има / нема и глаголска придавка во форма за среден род (носено, донесено, гледано, видено).
2.8. Глаголски времиња со има / нема Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.8. Глаголски времиња со има / нема Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице имам носено имаме носено имам донесено имаме донесено ќе имам носено ќе имаме носено ќе имам донесено имав носено имавме носено имав донесено имавме донесено ќе имав носено ќе имавме носено ќе имав донесено ќе имавме донесено сум имал носено сме имале носено сум имал донесено сме имале донесено ќе сум имал носено ќе сме имале носено ќе сум имал донесено ќе сме имале донесено
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Ова време изразува завршеност до одерден момент Тој има поднесено жалба во судот. (воопшто извршено) Тој имал поднесено жалба уште пред да се скараме. (извршено пред друг минат момент) За две години ќе го имам добиено спорот. (извршено гледано од иден момент)
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Глаголското време со сегашно време од има / нема се нарекува (нов) перфект или перфект 2. Тој има работено во многу градови. Во некои случаи комутира со: Тој работел во многу градови.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Глаголското време со минато определено време од има / нема се нарекува има-плуквамперфект или плусвамперфект 2. Која пристигнав, таа веќе го имаше спакувано куферот. Ова време изразува мината резултативност
Свршен непреоден глагол дојде Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.9. Перфект Свршен непреоден глагол дојде 1. лице сум дојден, дојдена, дојдено сме дојдени бев дојден, дојдена, дојдено бевме дојдени ќе сум дојден, дојдена, дојдено Ќе сме дојдени ќе бев дојден, дојдена, дојдено
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Кога помошниот глагол сум стои во сегашно време се говори за перфект. Кога стои во минато определено време, би можело да се говори за плуквамперфект. Глаголската придавка се менува по род во еднина: дојден сум, дојдена сум, дојдено сум Овие глаголски времиња имаат резултативно значење.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Овие глаголски времиња се образуваат од непреодни глаголи (со преодните се образува пасив). Кога го побарав, тој веќе беше заминат. Куќата беше изградена на плоштадот. Во некои случаи пасивот се користи наместо актив (кај глаголите руча, јаде, ...) Нема да јадеме, вечерани сме.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.10. Сегашно време Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице носам носиме донесам донесеме 2. лице носиш носите донесеш донесете 3. лице носат донесат Негација не носам не носиме не донесам не донесеме Сегашното време од свршен глагол е (означено со сина боја) е блокирано и се употребува само со партикулата ќе, парт.-сврз. да, сврз. ако, кога, итн.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Сегашното време се користи како т. н. Историско сегашно време. Со него се доближуваат минатите настани со слушателот. Се користи во книжевноста и во разговорниот јазик, како и во други стилови. Вчера одам низ чаршијата и среќавам еден стар пријател.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 2.11. Идно време Несвршен глагол: носи Свршен глагол: донесе 1. лице ќе носам носиме ќе донесам ќе донесеме 2. лице ќе носиш носите ќе донесеш ќе донесете 3. лице ќе носи носат ќе донесе ќе донесат Негација не ќе носам нема да носам не носевме не ќе донесам не ќе донесеме нема да донесеме Кај негацијата со не е позразита претпоставката отколку кај негацијата немаше да.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Идното време се однесува на минатото кога изразува дејство што се очекувало или се претполагало. Најпосле им се родило едно машко дете, и на треќата вечер ќе го донесе Господ еден стар човек (Д. Матов, цит. според Конески 1982: 489).
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик 3. Заклучок Овој преглед содржи 11 глаголски конструкции за изразување минато дејство. Некои од нив (оние со има / нема и со сум) содржат натамошни парадигми во зависност од глаголското време на помошниот глагол). Глаголските времиња се испреплетени со аспектот и со глаголскиот вид. Со нив е поврзана и категоријата засведоченост (засведочениостѕ.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Библиографија Конески 1982: Конески, Блаже. Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје. Левандовски 1990: Lewandowski, Theodor. Lingustisches Wörterbuch. Teil 1. Wiesbaden/Heidelberg. Минова-Ѓуркова 2000: Минова-Ѓуркова, Лилјана. Синтакса на македонскиот стандарден јазик. Скопје.
Глаголските времиња што изразуваат минато дејство во македонскиот јазик Хелбиг / Буша 1974: Helbig, Gerhard / Buscha, Joachim. Deutsche Grammatik. Ein Handbuch für den Ausländerunterricht. Berlin. Хок/Крифка 2002-www: Hock, Wolfgang/Manfred, Krifka. Aspekt und Zeitkonstruktion. WS 2002/3. Institut für deutsche Sprache und Linguistik. HumboldtßUniversität zu Berlin. In: http://amor.cms.huberlin.de/~h2816i3x- /Lehre/2002_HS_Aspekt/Aspekt-1.pdf